Галебот Џонатан е различен од останатите галеби кои се во јатото. На поголемиот број галеби целта им е да обезбедат храна, додека Џонатан има поинаква цел. Тој е решен да научи совршено да лета. Тој е бунтовник кој има поставено цел во животот. За разлика од останатите галеби, тој има поинакво сфаќање за животот.
Притисокот од страна на татко му и другите галеби во јатото, го замислуваат да започне да се однесува како сите останати. Но, за Џонатан летањето и освојувањето на далечините претставува свет. Неуспесите кои ги доживувал се повеќе го поттикнувале да продолжи.
Пред Советот, светот на Џонатан е поразен. Старешините на Јатото го протеруваат поради неговото поинакво и несоодветно однесување. Неговото однесување го сметале за прекршување на традицијата во јатото, па затоа тој е осуден на осаменички живот далеку од Јатото.
И покрај тоа што тој е протеран од Јатото, тој не се откажува од својот сон. Неговата желба да се достигне совршенството и да го совлада летањето е уште поцврста. По запознавањето на старешината Ганг, кој објаснува дека Рајот не постои, за Џонатан многу работи се менуваат. Рајот е достигнување совршенство. Продолжи да работиш на љубовта, се последните негови зборови упатени кон Џонатан.
Галебот го напушта новиот свет и се враќа во Јатото. Тој ја прекршува заповедта која е стара долго време . Џонатан засекогаш го напушта тој свет, и го остава Флечер како нов учител да ги подучува младите галеби на патот кон остварување на слободата и совршеноста.
Никогаш не треба да се откажуваме од нашите соништа, без разлика колку и да се поинакви од соништата на другите.
No comments:
Post a Comment