Friday, June 1, 2018

,,Антигона''-Софокле

Делото ,,Антигона'' од Софокле е трагедија на старогрчката драмска уметност. Во ова драмско дело се раскажува за сите жртвувања на Антигона за одбрана на брата си и семејството. Дејството се случува во Теба.
Антигона е ќерка на родители- мајка и син, кои случајно дознаваат за тоа подоцна. Таа е родена во грев и сите останати ликови ја доживуваат како храбра личност која постојано се жртвува и ризикува својот живот да го погреба својот брат иако тоа било забрането од кралот. Околината во којашто живее Антигона е таква каде што мора да се слуша зборот на кралот. Таа нејзиниот свет го гледа како никој да не може да ја спречи, но Креон ја гледал неа како лоша и непослушна поради тоа што таа не го испочитувала неговиот збор и го закопала својот брат. Веќе било доцна за ослободување иако за тоа најмногу инсистирал неговиот син.
Антигона била навистина храбра личност која се жртвувала за своите најблиски без страв дека и таа може да го изгуби својот живот.

No comments:

Post a Comment