Експозицијата на романот почнува кога во антикварница за книги кај г-дин Карл Конрад Кореандер влегува со чудење детето Бастијан Балтазар Букс. Бастијан признал дека бега од другарите од училиште кои го задеваат дека е занесен, глупак, лажго и фалбаџија.Додека старецот зборувал на телефон Бастијан ја краде книгата и се упатува на таванот на училиштето, се покрива со топло ќебе и се занесува во книгата со корица со две змии„Бескрајна приказна“:
Заплетот во приказната почнува кога Детската царица паднала многу болна во Кулата на Слоновата коска во земјата „Фантазија“.Се барал доктор кој можел да и помогне. Кентаурот Каирон предложил медалјонот на царицата Аурин да го доделат на трагачот Атреј во Тревното море зад Сребрените планини .Атреј кај Мочуриштето на тагата од Древната морла желка разбрал дека само Ујулала-пророчица знаела како да се спаси „Фантазија“ од „ништо или исчезнување“. Чудовиштето „Играмул“ го слушнало гласот на Бастијан и го каснало Атреј и змејот на среќата Фухур оти само така можеле да стигнат 10000 години кај Ујулала.Таа живеела позади три врати 1-та ја чувале две сфинги кои скаменувале се, 2-та одраз на огледало во кое Атреј го видел Бастијан и 3-та Бастијан со повик го убедил Атреј да влезе . Така Ујулала кажала дека само дете од реалниот свет кое ќе влезе во фантазија може да и даде ново име на Детската царица и да ја спаси неа и „Фантазија“ од „ништо“.
Кулминацијата кога Бастијан пребледел, се нашол во кулата и ја нарекол Детската царица „Месечево дете“Бастијан се пронашол очи во очи со неа и таа му го подарила медалјонот Аурин за да му ги исполни сите желби. Бастијан посакал да стане јунак да се бори со Граограман , страшниот лав кој му го подарил мечот„Сиканда“.
Пресвртот почнува кога мечот ,Бастијан на сила го употребил и го ранил Атреј кој морал да се повлече со змејот на среќата Фухур. Бастијан станал силен витез кој победил на турнирот кај сребрениот град Амаргант и ги спасил плачливите црви да станат ларви и пеперутки но тие сакале да го направат свој господар.
Расплетот почнува тогаш кога Атреј неочекувано го спасил Бастијан и кај старецот Јон во рудникот на изгубени слики му помогнал да ја најде светата вода кај двете змии на медалјонот и да се врати во својот свет. Бастијан враќајќи се во својот свет се симнал од таванот на училиштето и му раскажал се на татко му. Но книгата ја снемало, од старецот Кореандер во антикварницата Бастијан добил одговор дека таква книга никогаш не постоела дека таа е во неговата фантазија, а детската царица пак ке ја види ако и даде ново име.
No comments:
Post a Comment