Friday, June 1, 2018

,, Чорбаџи Теодос '' - Васил Иљоски

Чорбаџи Теодос  е комедија напишана во 1937 година, којашто се смета за врвно уметничко дело на македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Делото претставува комедија на интрига инспирирана од анегдотата за присилното кумство. Првобитно драмата е напишана на српски јазик под насловот Нагазил човекот, а потоа самиот тој јазично ја преработува најпрвин на централните македонски говори, а потоа и на скопски дијалект. Исполнета со голем број на битови и социјални елементи. Писателот своите тенденции ги насочува кон тоа на читателот односно гледачот да му ја прикаже забранетата љубов на двајцата млади, како и да го исмее надуениот чорбаџиски свет. Воедно јасно е прикажано кој од ликовите е на страната на доброто, а кој на страната на лошото, кој и за што ќе се бори, а против кого.

Дејството се случува во Скопје, во турско време. Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во четири етапи. Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на Чорбаџи Теодос. Вториот чин го претставува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата на Водно. Во третиот чин на лозјата на Арсо, означен како простор на јавната сцена, интригата на Арсо (Чорбаџи Теодос да стане цигански кум) ја достигнува својата кулминација и воедно, комедиографскиот расплет.

Првиот чин започнува во претсобјето на вториот кат на куќата на Чорбаџи Теодос. Кева неговата жена оди пополека на прсти за да не го разбуди чорбаџијата порано, но уплашено сфаќа дека часовникот застанал. Ги повикува своите слуги Наца и Спиро и тие од страв одбиваат да го разбудат чорбаџијата ".....Наца: Иј, шпото шпотосана! (на Спиро) Ами ти си машко. Ајде не биди страшлив, разбуди го. Јас имам триста работи (излегува).
Спиро: Што рече јас страшлив? Не сум јас страшлив чорбаџике, ама нејќам не да се правам некој Марко Крале. Нејќам јас да чепкам мечка со сламка. А и јас работата си ја оставив несвршена (излегува)
Во куќата на чорбаџијата тогаш влегува Ефка да позборува за Стојанка и за Томче. Таа е тетка на Стојанка убава и вредна но сиромашка девојка, која Томче синот на Чорбаџи Теодос сака да ја земе за жена, а тој пак не сака ни на слушне. Преку оваа појава односно со разговорот на Кева И Ефка се истакнува патријархалниот начин на живот во тоа време "..... Ефка на Кева: Не омажија за невидени и нечуени, а тие што ги сакавме ги оженија за други". . .
Тогаш се појавува и Томче убаво момче, со танки мустачиња, густа кадрава коса, убаво облечен, но целиот блед, потиштен и огорчен.
Во разговорот со мајка си, тој е решен одлучно да му се спротивстави на таткото и да ја земе за жена Стојанка. Се сили, дури и тргнува да го тепа. Но, кога му велат да го разбуди татко си за на лозје, тој се повлекува, го покажува својот страв и нерешителност. Никој не се осмелува да го разбуди чорбаџијата и чекаат сите тој сам да стане. Теодос се разбудува и влегува во ноќна долга кошула со мрачно лице на кое никогаш не се јавува ведрина, со студен поглед, веќе разлутен што не го разбудиле, гледајќи дека нема никој како што редовно е при станувањето, да го пречека и да му служи, тој избувнува. Го погледнува часовникот и гледа дека застанал. Вика по својата жена и слугите. Тогаш влегува и Томче, губејќи ја се повеќе храброста што ја беше собрал и уплашено, повторно се обидува да го услови својот татко. Но, Теодос не само што ја одбива неговата молба, дури и ја исмејува Стојанка. Вториот чин започнува со разговорот на Томче и Стојанка која иако е силно заљубена, како и Томче се чувствува навредена и загрозена така што со нејзиното женско тактизирање го уценува Томче дека ако до вечер тој не знае дали ќе ја земе, таа ќе оди за друг. Арсо пак, умен и итар до лукавост кој го загубил лозјето поради долгови кон чорбаџијата, смислува начин како да го задржи. Дејствието се префрла на група Роми кои бараат кум за новороденото дете и како што е адетот оној што прв ќе помине тој треба да им стане кум. Арсо ги догледува Ромите и се смее со израз на симпатија. Смислува план како Теодос да стане цигански кум. Но, се појавуваат неколку пречки односно, пијаниот селанец и слугата Спиро кои Арсо на тежок начин но сепак успева да им го одврати патот. Тука конечно доаѓа Теодос и паѓа во замката на Арсо. Доаѓаат Ромите, Теодос се наоѓа во небрано, но никако не сака да прифати да им биде кум. Дејството во третиот чин се одвива под еден разгранет орев, а до него плиток бунар со камена ограда. Таму доаѓаат Ефка и Стојанка. Арсо, со фалби за Стојанка се обидува да го премисли Теодос. Стојанка му носи чаша вода на чорбаџијата, но тој ја навредува не прифаќајќи ја подадената чаша. Се слушаат свирки од далеку и се приближуваат Ромите за да го развеселат новиот кум. Арсо ја гледа загриженоста и одвратноста на Теодосовото лице и уште за повеќе да го исмее го насамарува да се скрие во колипката полна со слама и болви. А потоа им дава знак на ромите за тоа каде е скриен чорбаџијата. Тие го наоѓаат а тој- кутриот од мака се заседнува и прво пие од нивните чаши, а потоа од заедничкото шише. Доаѓаат Кева и Наца, а потоа и Томче опијанет исто како и него решен на било кој начин да го добие неговиот благослов за Стојанка. Теодос, сосема очаен, не може да најде друг излез освен да ја прифати помошта на Арсо во замена за лозјето.
Тој му предлага да му дозволи на Томче да ја земе Стојанка но и да го земе кумството, а Томче поради преголемата љубов ја прифаќа спогодбата. Теодос исмеан, дури и од слугите си заминува да се скрие од срамот.

,, Островот на скриеното богатство '' - Роберт Луис Стивенсон

Јунак / противник :
          Џим Хоукинс - главниот лик во романот, прераскажувачот на приказната. Тој е младо момче кое ја иницира потрагата по богатството и воедно е главен протагонист во романот. 

         Капетан Флинт - пират со лошо реноме, познат по неговите злосторства и ѕверства.
   Судир / (проблем ) :

                        Локализација : 17 .. меана Адмирал Бенбад

          Бил Баунс ( на образот длабока и грда усеченица ) не остава впечаток на обичен морнар , и бара да го предупреди ако се појави морнар со една нога. Чуден настан кој ги ослободува од капетанот доаѓање на црниот пес ( му недостигаат два прста ,) навестување за опасноста .

                                                    Црниот знак

          Доаѓањето на слепиот морнар и црниот знак дека ќе дојдат во 10 часот , значи за 6 часа и смртта на капетанот . Заминувањето на мајката и синот да побараат помош за одбрана на мезната и повторно враќање и земање на пари од капетанот онолку колку што им следи . Скриени во непосредна близина на меаната го гледаат доаѓањето на морнарите кои ја бараат мапата на Флинт .

                                                       Мапата

          Џим ги известува земјопоседникот Трилоуни и докторот Лејвидека дека ја има мапата на островот на скриеното богатство . Решаваат да тргнат по богатството 

„О писменех“ (За буквите) - Црноризец Храбар

Црноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна литература. Псевдонимот значи – калуѓер храбар. Се криел зад псевдоним заради засилената борба на грчкото свештенство против Словените и нивната желба за елинизација. Според податоците од неговиот текст „О писменех“ („За буквите“), дознаваме дека живеел во X век (уште се живи оние што ги виделе Кирил и Методиј), дека работел и творел во Охридската книжевна школа.
Некои слависти сметаат дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие Наум Охридски. За жал, други податоци за него нема.

Текстот е напишан во X век, а зачуван е еден препис од XIII век, пронајден на Света Гора. „О писменех“ е краток полемичен текст (трактат) напишан на едноставен и конкретен начин.
Темата е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата — да се докаже оправданоста на постоењето на таа писменост, нејзиното огромно значење, како и одбрана од нападите од тријазичниците (оние што ги сметале за свети само трите јазика: грчки, латински и еврејски).
Текстот се состои од три дела:
1. историско — јазичен дел, со воспитен карактер;
2. полемички — во вид на прашања и одговори;
3. заклучок — во кој ја искажува својата љубов и гордост.

Во првиот дел се изложени трите фази од развојот на писменоста на Словените.
Првата фаза е кога Словените биле многубошци и кога тие немале своја азбука туку се служеле со црти и рески (некој вид пиктографско писмо).
Втората фаза е кога Словените почнале да се покрстуваат, да го примаат христијанството, но немале своја азбука, туку се служеле со туѓи писма: грчко и латинско (римско).
Третата фаза е создавањето на словенската писменост од страна на Кирил и Методиј. Појавата на Кирил е претставена како божјо чудо. Тој ја создал глаголицата со 38 букви, од кои 24 биле создадени по образец на грчкото писмо, а 14 ги измислил сам, според гласовниот систем на словенскиот јазик.

Во вториот дел Црноризец полемизира со непријателите по класичниот систем: теза, антитеза, синтеза. Тезата е прашање, антитезата — одговор, а синтезата — заклучок. Тој се запира на три прашања:
1. Зошто бројот на буквите во словенската азбука е 38, а не 24 како во грчката?
Одговара историски и аргументирано, па дури и со голема доза на подбив дека Грците не знаат со колку точно букви пишуваат. Бидејќи тиа навистина имаат 24 букви, но при пишувањето употребуваат уште 11 дифтонзи (двогласки) и три знака за броевите 6, 90 и 900, па така и кај нив се збираат 38 знака.
2. Зошто се потребни словенските книги и словенската азбука?
На ова прашање Црноризец одговара користејќи библиска и културно-историска фактологија. Со изнесувањето на податоците за постоењето на писменоста пред Евреите, Грците и Римјаните — Еѓипќаните, Персијанците, Асирците, тој ја разобличува лагата дека писменост постои само на трите од Бога дадени јазици. И во овој дел има остар јазик, нарекувајќи ги непријателите — безумни. А, тој секако докажал дека е многу умен и образован.
3. Кој Ви ги создал буквите? — прашање упатено кон непријателите.
Во овој дел Црноризец Храбар отворено ги омаловажува Грците. Им укажува дека тие пред да ја создадат азбуката се користеле со феникиското писмо, дека многу мажи и долго време ја создавале грчката азбука, а потоа по долго време, за многу години 70 мажи го преведувале Светото писмо од еврејски јазик. Многу од грчките писатели не ги ни знаат имињата на создавачите на азбуката, ниту на преведувачите.
Спротивно на Грците, кај даровитите Словени тоа го направиле двајца мажи — Кирил ја создал азбуката, а заедно со брат му Методиј ги превеле книгите. Со овие укажувања Храбар јасно ја изразил мислата дека Словените се во состојба не само да им се приближат, туку и да ги надминат народите со побогата култура од нив.

Во третиот дел е истакната  љубовта на словенските писатели кон творците на словенската писменост, нагласувајќи дека не постои некој што не го знае нивното име и дека тие се подготвени да го чуваат, заштитуваат и продолжат нивното дело, како што тоа го прави и авторот на овој текст.

            

,,Галебот Џонатан Ливингстон''- Р.Бах

          Галебот Џонатан е различен од останатите галеби кои се во јатото. На поголемиот број галеби целта им е да обезбедат храна, додека Џонатан има поинаква цел. Тој е решен да научи совршено да лета. Тој е бунтовник кој има поставено цел во животот. За разлика од останатите галеби, тој има поинакво сфаќање за животот.
          Притисокот од страна на татко му и другите галеби во јатото, го замислуваат да започне да се однесува како сите останати. Но, за Џонатан летањето и освојувањето на далечините претставува свет. Неуспесите кои ги доживувал се повеќе го поттикнувале да продолжи.
          Пред Советот, светот на Џонатан е поразен. Старешините на Јатото го протеруваат поради неговото поинакво и несоодветно однесување. Неговото однесување го сметале за прекршување на традицијата во јатото, па затоа тој е осуден на осаменички живот далеку од Јатото.
          И покрај тоа што тој  е протеран од Јатото, тој не се откажува од својот сон. Неговата желба да се достигне совршенството и да го совлада летањето е уште поцврста. По запознавањето на старешината Ганг, кој објаснува дека Рајот не постои, за Џонатан многу работи се менуваат. Рајот е достигнување совршенство. Продолжи да работиш на љубовта, се последните негови зборови упатени кон Џонатан.
          Галебот го напушта новиот свет и се враќа во Јатото. Тој  ја прекршува заповедта која е стара долго време . Џонатан засекогаш го напушта тој свет, и го остава Флечер како нов учител да ги подучува младите галеби на патот кон остварување на слободата и совршеноста. 
          Никогаш не треба да се откажуваме од нашите соништа, без разлика колку и да се поинакви од соништата на другите.

,,Антигона''-Софокле

Делото ,,Антигона'' од Софокле е трагедија на старогрчката драмска уметност. Во ова драмско дело се раскажува за сите жртвувања на Антигона за одбрана на брата си и семејството. Дејството се случува во Теба.
Антигона е ќерка на родители- мајка и син, кои случајно дознаваат за тоа подоцна. Таа е родена во грев и сите останати ликови ја доживуваат како храбра личност која постојано се жртвува и ризикува својот живот да го погреба својот брат иако тоа било забрането од кралот. Околината во којашто живее Антигона е таква каде што мора да се слуша зборот на кралот. Таа нејзиниот свет го гледа како никој да не може да ја спречи, но Креон ја гледал неа како лоша и непослушна поради тоа што таа не го испочитувала неговиот збор и го закопала својот брат. Веќе било доцна за ослободување иако за тоа најмногу инсистирал неговиот син.
Антигона била навистина храбра личност која се жртвувала за своите најблиски без страв дека и таа може да го изгуби својот живот.

Вујко Вања-А.П Чехов

Чехов во драмата Вујко Вања на еден свој симболичен начин нанижан со секојдневни доживувања од секојдневието на село, го опишува животот. Главниот лик во драмата Вујко Вања е Војницки, односно Иван Петрович. Тој во четириесет и седмата година ја спознава празнината на својот живот.
     Тие живеат во типично руско село од тоа време, на имотот на покојната сестра на Вујко Вања. Тој е човек без свои жена и деца и се грижи за доброто на својата внука Соња. Вујко Вања е човек кој работи неуморно, грижлив и чувствителен. Соња е мила девојка , и како лик не подлегнува на трагизмот од кој повеќето се плашат. Вујко Вања не се грижи што поголемиот дел од приходите ги троши неговиот зет, Серебјаков. Работливиот и скромен Војницки смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Пари, пари, пари, се се врти околу парите..
    Од нив произлегува и трагичноста кај ликовите . Преку ликот на лена е преставен лико на една убава, млада , згодна жена, која ги привлекува туѓите мажи. Со нејзините 27 години се согласила да се омажи за вдовец, одлука која нема никаква смисла..Наспроти Вујко Вања застанува Серебјаков љубителот на развратниот живот, самобендисаниот егоист и внесува огромен немир. Неговата трагичност се состои во тоа што со својот егоизам и честите ноќни пирови , без грижа на совеста легнува и запива оставајќи ги сите будни

Бескрајна Приказна ~ Михаил Енде

Експозицијата на романот почнува кога во антикварница за книги кај г-дин Карл Конрад Кореандер влегува со чудење детето Бастијан Балтазар Букс. Бастијан признал дека бега од другарите од училиште кои го задеваат дека е занесен, глупак, лажго и  фалбаџија.Додека старецот зборувал на телефон Бастијан ја краде книгата и се упатува на таванот на училиштето, се покрива со топло ќебе и се занесува во книгата со корица со две змии„Бескрајна приказна“:             
Заплетот во приказната почнува кога Детската царица паднала многу болна во Кулата на Слоновата коска во земјата „Фантазија“.Се барал доктор кој можел да и помогне. Кентаурот Каирон  предложил медалјонот на царицата Аурин да го доделат на трагачот Атреј во Тревното море зад Сребрените планини .Атреј кај Мочуриштето на тагата од Древната морла желка разбрал дека само Ујулала-пророчица знаела како да се спаси „Фантазија“ од „ништо или исчезнување“. Чудовиштето „Играмул“ го слушнало гласот на Бастијан и го каснало Атреј и змејот  на среќата Фухур оти само  така можеле да стигнат 10000 години кај Ујулала.Таа живеела позади три врати 1-та ја чувале две сфинги кои скаменувале се, 2-та одраз на огледало во кое Атреј го видел Бастијан и 3-та Бастијан со повик го убедил Атреј да влезе . Така Ујулала кажала дека само дете од реалниот свет кое ќе влезе во фантазија може да и даде ново име на Детската царица и да ја спаси неа и „Фантазија“ од „ништо“.            
Кулминацијата кога Бастијан пребледел, се нашол во кулата и ја нарекол Детската царица „Месечево дете“Бастијан се пронашол очи во очи со неа и таа му го подарила  медалјонот Аурин за да му ги исполни сите желби. Бастијан посакал да стане јунак да се бори со Граограман , страшниот лав кој му го  подарил  мечот„Сиканда“.           
Пресвртот почнува кога мечот ,Бастијан на сила го употребил и го ранил Атреј кој морал да се повлече со змејот на среќата Фухур. Бастијан станал силен витез кој победил на турнирот кај сребрениот град Амаргант и ги спасил плачливите црви да станат ларви и пеперутки но тие сакале да го направат свој господар.      
Расплетот почнува тогаш кога Атреј неочекувано го спасил Бастијан и кај старецот Јон во рудникот на изгубени слики  му помогнал да ја најде светата вода кај двете змии на медалјонот и да се врати во својот свет. Бастијан враќајќи се во  својот свет се симнал од таванот на училиштето и му раскажал се на татко му. Но книгата ја снемало, од старецот Кореандер во антикварницата  Бастијан добил одговор дека таква книга никогаш не постоела дека таа е во неговата фантазија, а детската царица пак ке ја види ако и даде ново име. 

Tuesday, March 27, 2018

Одлично е да си мрзелив




             Мрзеливоста е многу лоша човечка особина. Кога станува збор за особини можеме да кажеме дека оваа особина е бескорисна, а најчесто се појавува кај младата популација.
             Ние луѓето, со мрзеливоста имаме залуден и здодевен живот. Секој миг потрошен напразно ни е бескорисен, вклучувајќи ги и не испланираните часови во денот. Всушност подобро би било кога на секој човек денот му е исполнет со некаква активност, но некои луѓе тоа не го разбираат, па така секој ден им е едноставно ист како и претходниот и воопшто не се трудат да го сменат тоа. Залудно губиме премногу време незнаејќи уште колку ни преостанува.
             Мрзеливоста е лоша маана на секој човек во светот. Таа е навлезена во нас и прави да сме ладнокрвни и одбивни личности. Се повеќе луѓето во наша околина не одбегнуваат знаејќи за кого се работи, па така не ни бараат искрена помош или некаков совет со што ние полека ја губиме и комуникацијата со луѓето околу нас. Ние имаме многу повеќе негативна енергија со што се зголемува и можноста да  не избегнуваат луѓето околу нас, зошто сепак доколку комуницираме со нив можеме да им ја пренесеме таа негативна енергија и на нив.
             Со мрзеливоста ги намалуваме и нашите физички активности, не сме доволно активни за да го издржиме воопшто и темпото на овој живот. Најпрво со оваа особина може да дојде до нарушување на нашето здравје кое секогаш треба да ни е во прв план. Премногу неприметливо можеме да го губиме и да го цедиме, додека еден ден кога ќе приметиме и станеме свесни за тоа можеби и ќе биде предоцна и се да е дојдено до минимум. Со намалувањето на физичките активности нашето тело не се развива правилно, нашите мускули немаат правилна форма и едноставно стануваме се полоши во сите битни фактори на животот.
             Со сето ова заклучуваме дека мрзеливоста не треба да е дел од нашиот живот. Секогаш треба да бидеме совесни, да бидеме активни и комуникативни луѓе, како и да не се плашиме од извршувањето на нашите обврски.

Monday, February 12, 2018

"Прва љубов"- Иван Тургенев




Фабула:


           Прва љубов е дело на писателот Иван Тургенев и автобиографско дело како и многуте други негови дела. Ова е приказна за љубовта помеѓу девојче и момче на возраст од 21 и 16 години. Главниот лик е Владимир Петрович, и со него започнува приказната на една забава. Тројца гости, мажи, ги кажуваат приказните за својата прва љубов. Редот му доаѓа и на Владимир, па тој предложува својата приказна да ја напише во тетратка бидејќи била долга, но и тој не бил добар наратор. Сите се согласиле па неколку недели подоцна сеќавајки се на спомените од првата љубов Владимир ја чита приказната.


Сценарио:


        После прошетката, и очекувањето на вечерта, Владимир со неговите другари отишле на забава. Откако отишле на забавата тие седнале и започнале со разговор. Нивниот разговор добил тема за првата љубов. Тие заедно започнале со делење на сеќавања, мислим впечатоци а прв почнал најстариот маж од групата.


Најстариот маж: Дами и господа јас ќе започнам со мојата прва љубов која  ја сретнав на млада возраст и се се случи само во миг само што трепнав и  наеднаш се заљубив. Беше збунувачки што незнаев каде се наоѓам од што бев заљубен. Се тоа траеше до момент кога дознав дека таа сака друг.


Помладиот
маж:Луѓе, јас не знам за првата љубов да објаснам знам да објаснам за втората. 


Помладиот маж: Тоа започна кога бев во еден парк со пријатели , игравме забавна игра  се додека не помина девојчето што го запознав пред неколку дена во тогашното време  па ме викна да ме види и да ме праша како сум. А јас наивен, ја поканив на прошетка пред сите мои пријатели, па сите почнаа да се задеваат со мене.

Младиот: Така пријатели, тоа беше мојата втора љубов, а ти Владимир што ќе кажеш за твојата прва љубов? 

Владимир: Драги луѓе, ја да ви кажам право не сум добар наратор, но затоа ќе напишам во тетратка за побрзо да оди работата.

       Со вакви љубовни муабети и впечатоци од нивната прва љубов тие се зазбореа и заглавија на забавата.