Monday, November 27, 2017

"Шагринска кожа"- Оноре де Балзак (анализа на ликот Рафаел)

        

            Во ова вонвременско дело дејствието ја следи животната линија на младиот Рафаел, човек без илузии, човек чија животна смисла е изгубена поради незадоволството што му го пружил животот.
            Рафаел е 22 годишно момче, разочарано од бедотија во која се одлучува на чекор за самоубиство. Живее со неговиот татко, а животот му е полн со изненадувања.
           Темна вечер низ француските улици, ретроспекцијата кон минатото му го обвиткува срцето со копнеж, запознава сомнителен трговец, кој му нуди необичен прозивод ,парче шаргин за решавање на проблемите. Парче кожа со чудесна моќ. Оној кој ја поседува кожата, ќе има се но, за возврат, кожата ќе стане негов господар. Со секоја исполнета желба, постепено ќе се намалува, а со тоа, се намалуваат и деновите во животот на сопственикот. Без да предвиди, само го одложува своето самоубиство. Станува богат, познат, среќен, исполнет. Доживува задоволства кои предизвикуваат завист, но полека сфаќа дека материјалното, не ја заменува празнината во неговото срце. Љубовта која отсуствува од неговиот живот е долгот кој никогаш не ќе може да го исплати на неговата Полина. Одбива присетување на условот со шагринската кожа, Рафаел влегува во дуел со животот.
             Себеси се цени за човек и успева во животот со кожата да стане богат и познат. Останатите ликови го доживуваат како тој самиот себеси, познат и богат, а пак јас него го сметам за несреќен. Секогаш е подобро да имаш кому да подариш љубов и кој да ти ја возврати таа љубов, додека материјалните работи не земаат голем замав.
             Заклучуваме дека доколку желбата е преголема за нешто таа ќе се оствари доколку не губиме надеж, се трудиме и никогаш не се откажуваме.

Saturday, November 18, 2017

"Повикот на дивината" - Џек Лондон (анализа на ликот Бак)



          Во романот ,,Повикот на дивината‘‘ раскажани се страдањата на кучето Бак, кои започнуваат ноќта кога Бак ќе биде украден од домот на судијата и продаден да влечe санки во големите планини и да им служи на трагачите по злато.
          Бак е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара, на имотот на судијата Милер. Тежок 64 килограми, со мускули и бујно крзно. Бак се надева дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле  дваесет лисичари, но и ниското јапонско куче Тук и безвлакнестата Изабела, кои биле плашливи. За разлика од нив Бак бил посебен, слободен, храбар, скитал  наоколу, бил крал на имотите, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, и ги придруживал неговите ќерки додека пешачеле, а навечер седел покрај судиските нозе.
         Некои луѓе истражувале на Арктикот и пронашле злато, па затоа Мануел- помошник на градинарот, коцкар и лош човек го продал Бак на туѓинец.Се се случило вечерта кога судијата бил на состанок, а сите  вработени на имотот биле зафатени.
        Животот на Бак се променува бидејќи е крвнички малтретиран од човекот во црвен џемпер. Бак себеси се доживува како самостоен,додека непријателите го доживуваат како обично куче ,пријателите како храбро куче,а јас како силен и инспиративен лик.
        Гневен од убиството на Торнтон и кучињата убиени од Индијанците ќе избега во шумата да живее засекогаш со волците,па воден од силата, инстинктите на неговите предци кои ќе се разбудат во него ќе стане и нивен водач.

Monday, November 6, 2017

"Панонски легенди"



                Во "Панонските легенди" се зборува за биографиите на Кирил и Методиј. Во оваа книга биографиите се најреални и највистинити, содржат и многу прецизни податоци. "Панонските легенди" во нив содржат и драгоцени податоци за животот и работата на творците на првата словенска азбука и говорот на Македонските Словени од Солунско во средината ан IX век.
                "Панонските легенди" претставуваат дел од најстарите словенски и книжевни опигинални дела, и од таа гледна точка тие си имаат и одделна книжевно-историска вредност. Тие биле напишани на грчки јазик, а потоа биле преведени на словенски јазик, но, тоа е само мислење на славистичката наука. Инаку, општо е прифатено мислењето дека оригиналот на "Панонските легенди" е напишан на словенски јазик.
                 Доста различни мислења се искажани во поглед на тоа кој бил авторот или автори на Панонските легенди. Бидејќи не е зачуван автографот на овие творби и не е означено името на авторот ни во никој подоцнежен препис, со сигурност може да се говори за авторството на "Панонските легенди".
                 Авторот можно е да биде некој Моравец, преку искажувањето за тоа дека просветителот Методија би можел да е автор на "Житието на Св.Кирил".

Wednesday, October 18, 2017

"Сердарот"- Григор Прличев (анализа на ликовите)

                                                    
                Во делото "Сердарот" се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитува селаните од немилосрдните банди на Гегите. Дејството се случува кон средината на XIX век. Локализацијата е во западна Македонија, регионот помеѓу Галичник, Река и селото Стан. "Сердарот" има врвни уметнички квалитети. Поемата е обединување на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек со ретроспективни навраќања ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска.
                  Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата е јунак. Многу е храбра и гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, закрилник на народот што ќе го земе мечот во својата рака за да го одмазди синот и ќе ја продолжи неговата борба и ќе стане водач. Карактеристично за Неда е неjзината решителност и чесност. Освен сите овие возвишени атрибути, Неда е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка. Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
                   Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно. Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот.  Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. Исто така и кај него се гледаат обичните човечки особини како што е љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.                            Гегите во ова дело не се негативни ликови. Всушност ти се непријатели, пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност и покажуваат своја добра страна со носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда. Тие со оваа добрина ризикувале да бидат убиени населението кое било гневното и желно за одмазда. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност која е многу битен дел од карактерот на еден човек. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.  
                    Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини кои што повеќето од луѓето би требало да ги поседуваат. Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“ (Ο Αρματωλος), но при крајот на животот Прличев ќе направи обид да ја преведе на македонски јазик. Структурата на оваа поема е навистина структура на угледно уметничко дело. Тој успеал на еден драматичен начин да ги кондезира сите детали од поемата во еден чуствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката инспирација.                          

Sunday, October 8, 2017

"Илијада"- Хомер

     

           "Илијада" е епопеја напишана од Хомер, старогрчки поет чие име денес сите го знаат. Тој е претставен како сиромашен слеп пејач кој талка низ светот. Во голем број од неговите дела се зборува за Тројанската војна. Негови најпознати дела се "Илијада" и "Одисеја". Илијада е епско дело која ја опишува битката меѓу Ахајците и Тројанците околу осмиот век п.н.е. пред ѕидините на градот Троја и во самиот град. Делото го носи името по Илиј, кое било второто име на градот Троја.
            Причина за војната грабнувањето Елена, најубавата жена кое го извршил Парис од страна на Тројанците. Ова довело до десет години војување помеѓу Ахајската и Тројанската војска. Во војната учествувале многу ахајски водачи за да се одмаздат за грабнувањето на Елена од кои дел се Агамемнон, Менелај и Ахил. Многу богови биле вклучени и замешани помеѓу завојуваните страни. Во десеттата година од Тројанската војна, Агамемнон, водачот на ахајската војска, и Ахил, најголемиот ахајски јунак, се скарале поради тоа што Агамемнон му ја земал заробеничката на Ахил, при што тој се откажал од учество војната. По овој настан Тројанците добиле храброст да излезат од зад своите ѕидини и започнале да војуваат на отворено поле. Тоа било така бидејќи сите луѓе се плашеле од Ахил и го сметале за голем и храбар човек. Сите поважни настани во епот всушност се вртат околу Ахил. Тој бил идеален јунак и пример за Грците.
           По повекувањето на Ахил од војната тој му ја дава својата обружба на неговиот најдобар пријател Патрокло за да се бори во двобој со Хектор кој е најсилен од страната на тројанците. Во тој двобој Хектор го убива Патрокло мислејки дека го убива Ахил. Потоа, со голема желба за одмазда и гнев од страната на Ахил, тој се враќа во битката и го убива Хектор. Ахил во влечел Хектор околу ѕидините на Троја за сите да го видат, преку што доаѓа до израз неговата огромна желба за одмазда на својот најдобар пријател.
           По убивањето на Хектор, неговиот татко Пријам оди кај Ахил и го замолува за телото на неговиот син. Во овој настан се покажува добрата страна на Ахил и неговиот чувствителен карактер. Тој се сожалува и плачејќи го дава телото на Пријам па така имало примирје и Тројанците го оплакуваат Хектор дванаесет дена. По дванаесетиот ден, Хектор е закопан.
            Тоа настан го означува крајот на Илијадата. Но смртта на Хектор не значи и дека завршила војната. Дури и со смртта на Ахил кој бил застрелан во петата од страна на Парис, не завршува војната. Со итрината на Одисеј, тројанскиот коњ, ахајците влегле во Троја, и ги убиле сите мажи, го запалиле градот и така конечно завршила десетгодишната Тројанска војна.
 

Friday, March 31, 2017

Задача бр.3

     За проектната задача бев во група со Марија и Стефанија. Сметам дека проектот ни е убаво изработен, а од презентацијата не сум задоволна бидејќи само јас го знаев својот дел. Успешно презентирав, а тие требаше повеќе да се потрудат за да научат.

Monday, February 27, 2017

Обработка на лектирата „Времеплов“ од Х.Џ Велс




            Мојата група како и секоја од групите во нашето одделение, имаше обработка на лектирата „Времеплов“. Имавме задача да ги запишеме настаните, чувствата, ликовите од делото со нивните најважни карактеристики и судирот. Членови во групата сме јас (Магдалена Божиноска), Стефан Ѓошов и Теона Радосављев.
            Секој член во групата имаше своја задача. Мојата задача беше да запишам ликовите од наведениот настан и да ги посочам нивните најважни карактеристики.
Својата задача одговорно и на време ја завршив. Задачата на Стефан Ѓошов беше да ги наведе чувствата кои ги доживуваат тие ликови во тој настан, а на Теона да го објасни на кратко судирот во настанот. Настаните најпрво сите во групата ги пишувавме во училиште, а потоа одговорниот во групата беше задолжен да ги напише во google.doc документот. Задачата во групата ја имам само јас извршено, а останатите членови не.
            Јас сметам дека одговорно ја завршив зададената работа во групата и дека таа ја завршив во предвидениот рок.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е наj доброто за младите на моjа возраст

      "Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го правиме комплициран. " Со самото постоење на човештвото постои и желба за подобри услови за живеење. Освен живеењето се развиваат и многу работи кај комуникацијата, а технологијата е се понапредна. 
       Времето на мојата генерација е многу развиено. Имаме добро образование кое е многу современо. Интернетот е голем дел од образованието. Ни помага при часовите да научиме и стекнеме нови и корисни податоци,  кои ќе ни бидат од корист. 
       Но, не е само образованието напреднато. Во денешно време тешко е да се најде дом кој функционира без апарати. На оваа денешна генерација тие апарати и се неопходни за живот, а истовремено и го олеснуваат начинот на живеење. 
         Ваквиот динамичен живот има и своја лоша страна. Многу родители немаат доволно време да им обрнат на своите деца, а и многу деца немаат време за своите родители. Времето се поминува повеќе на социјалните мрежи од колку надвор со пријателите. Со тоа луѓето стекнуваат и болест на очите предизвикана од зрачењето на уредите како телефон, таблет, компјутер и телевизор. 
         Севкупно, мојата генерација живее во напреден свет,  свет на технологијата. Но, и оваа технологија колку е напредна толку е и штетна.