Saturday, November 18, 2017
"Повикот на дивината" - Џек Лондон (анализа на ликот Бак)
Во романот ,,Повикот на дивината‘‘ раскажани се страдањата на кучето Бак, кои започнуваат ноќта кога Бак ќе биде украден од домот на судијата и продаден да влечe санки во големите планини и да им служи на трагачите по злато.
Бак е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара, на имотот на судијата Милер. Тежок 64 килограми, со мускули и бујно крзно. Бак се надева дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле дваесет лисичари, но и ниското јапонско куче Тук и безвлакнестата Изабела, кои биле плашливи. За разлика од нив Бак бил посебен, слободен, храбар, скитал наоколу, бил крал на имотите, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, и ги придруживал неговите ќерки додека пешачеле, а навечер седел покрај судиските нозе.
Некои луѓе истражувале на Арктикот и пронашле злато, па затоа Мануел- помошник на градинарот, коцкар и лош човек го продал Бак на туѓинец.Се се случило вечерта кога судијата бил на состанок, а сите вработени на имотот биле зафатени.
Животот на Бак се променува бидејќи е крвнички малтретиран од човекот во црвен џемпер. Бак себеси се доживува како самостоен,додека непријателите го доживуваат како обично куче ,пријателите како храбро куче,а јас како силен и инспиративен лик.
Гневен од убиството на Торнтон и кучињата убиени од Индијанците ќе избега во шумата да живее засекогаш со волците,па воден од силата, инстинктите на неговите предци кои ќе се разбудат во него ќе стане и нивен водач.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment