"Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го правиме комплициран. " Со самото постоење на човештвото постои и желба за подобри услови за живеење. Освен живеењето се развиваат и многу работи кај комуникацијата, а технологијата е се понапредна.
Времето на мојата генерација е многу развиено. Имаме добро образование кое е многу современо. Интернетот е голем дел од образованието. Ни помага при часовите да научиме и стекнеме нови и корисни податоци, кои ќе ни бидат од корист.
Но, не е само образованието напреднато. Во денешно време тешко е да се најде дом кој функционира без апарати. На оваа денешна генерација тие апарати и се неопходни за живот, а истовремено и го олеснуваат начинот на живеење.
Ваквиот динамичен живот има и своја лоша страна. Многу родители немаат доволно време да им обрнат на своите деца, а и многу деца немаат време за своите родители. Времето се поминува повеќе на социјалните мрежи од колку надвор со пријателите. Со тоа луѓето стекнуваат и болест на очите предизвикана од зрачењето на уредите како телефон, таблет, компјутер и телевизор.
Севкупно, мојата генерација живее во напреден свет, свет на технологијата. Но, и оваа технологија колку е напредна толку е и штетна.
Вистинито, убаво напишано
ReplyDeleteСе согласувам со тебе.
ReplyDeleteСе е вистинито и се согласувам со тебе.
ReplyDeleteДа, напредната технологија денес ни го олеснува животот во смисла на достапни информации од сите области, но имам приметено дека е многу по корисно наместо времето да го поминуваме на телефоните или пред компјутерите, да го посветиме на наше дружење во 4 очи.
ReplyDelete"Оваа технологија колку е напредна толку е и штетна." - Се согласувам и предлагам наместо компјутерски игри да читаме книги.
Се согласувам бидејќи колку е понапредна технологијата толку е поедноставен животот но и тоа има лоши страни.
ReplyDelete