Monday, February 27, 2017

Обработка на лектирата „Времеплов“ од Х.Џ Велс




            Мојата група како и секоја од групите во нашето одделение, имаше обработка на лектирата „Времеплов“. Имавме задача да ги запишеме настаните, чувствата, ликовите од делото со нивните најважни карактеристики и судирот. Членови во групата сме јас (Магдалена Божиноска), Стефан Ѓошов и Теона Радосављев.
            Секој член во групата имаше своја задача. Мојата задача беше да запишам ликовите од наведениот настан и да ги посочам нивните најважни карактеристики.
Својата задача одговорно и на време ја завршив. Задачата на Стефан Ѓошов беше да ги наведе чувствата кои ги доживуваат тие ликови во тој настан, а на Теона да го објасни на кратко судирот во настанот. Настаните најпрво сите во групата ги пишувавме во училиште, а потоа одговорниот во групата беше задолжен да ги напише во google.doc документот. Задачата во групата ја имам само јас извршено, а останатите членови не.
            Јас сметам дека одговорно ја завршив зададената работа во групата и дека таа ја завршив во предвидениот рок.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е наj доброто за младите на моjа возраст

      "Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го правиме комплициран. " Со самото постоење на човештвото постои и желба за подобри услови за живеење. Освен живеењето се развиваат и многу работи кај комуникацијата, а технологијата е се понапредна. 
       Времето на мојата генерација е многу развиено. Имаме добро образование кое е многу современо. Интернетот е голем дел од образованието. Ни помага при часовите да научиме и стекнеме нови и корисни податоци,  кои ќе ни бидат од корист. 
       Но, не е само образованието напреднато. Во денешно време тешко е да се најде дом кој функционира без апарати. На оваа денешна генерација тие апарати и се неопходни за живот, а истовремено и го олеснуваат начинот на живеење. 
         Ваквиот динамичен живот има и своја лоша страна. Многу родители немаат доволно време да им обрнат на своите деца, а и многу деца немаат време за своите родители. Времето се поминува повеќе на социјалните мрежи од колку надвор со пријателите. Со тоа луѓето стекнуваат и болест на очите предизвикана од зрачењето на уредите како телефон, таблет, компјутер и телевизор. 
         Севкупно, мојата генерација живее во напреден свет,  свет на технологијата. Но, и оваа технологија колку е напредна толку е и штетна.